Мрежите мируваа во првото полувреме на дуелот помеѓу Холандија и Украина, селекции кои се следните два противника на Македонија на ЕВРО 2020. Холанѓаните понесени од публиката, беа поопасни, создадоа повеќе шанси, но украинскиот голман Бушчан со неколку одлични интервенции не дозволи да биде совладан.