Не е Букурешт, но и во Амстердам свети македонското сонце (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација утре попладне од 18 часот ќе игра против Холандија во Амстердам, меч на кој нашата селекција ќе се прости од Европското првенство. Првите два меча Македонија ги играше во Букурешт и загуби од Австрија и Украина, па и дефинитивно остана без шанси за нокаут фазата.

Тоа што остана запамтено од деновите поминати во Букурешт е атмосферата која ја направија неколку илјади македонски фанови. Холандија не дозволи влез на македонски навивачи на нивна територија, па нашата репрезентација утре нема да ја има поддршката како на првите две средби.

Сепак, во Холандија и околните земји има доста Македонци кои имаат шанса да бидат во Амстердам и да дадат поддршка на нашата репрезентација. Токму затоа е организирано и збирно место за утре пред мечот, а во пораката се вели.

„Понеделник го играме последениот натпревар со Холандија во Амстердам.Да прославиме на начин кој ние знаеме заедно со песна и дружба како што доликува.Збирно место : Grolsch Cine Café Johan Cruijff Boulevard 598, 1101 DS Amsterdam Локацијата е во близина на самиот стадион,се собираме помеѓу 12:00 -12:30 часот на самиот ден на натреварот. Дојдете да уживаме заедно во успехот што го постигнавме,Македонија наша гордост светска !

 

- Оглас -

Најнови вести