Холанѓаните се светска класа, веќе водат со 3:0 (Видео)

Холандија води со 3:0 против Македонија со двата гола на Вајналдум во второто полувреме.

Во 50-тата минута, по одлично изработената акција и асистенција на Мемфис Депај, Џорџино погоди за 2:0 и најави сигурна победа на фаворитот.

Играчот на Лион, кој ќе настапува за Барсепона од идната сезона, одлично го проигра новиот член на ПСЖ, а Вајналдум погоди од близина без проблем.

Само 8 минути подоцна, истиот играч на сличен начин од близина и без одбрана погоди за голема предност на Холанѓаните од 3:0.

Македонија игра отворено, без мнпогу калкулации, но се наѕира и третиот пораз на Европското првенство. До крајот има уште малку повеќе од половина час игра, па сега целта е да се постигне почесен гол и да се задржи контиутетот на секој меч на дебито на ЕП да се дава барем по еден гол.

- Оглас -

Најнови вести