Баерн не знае како да го победи Анчелоти, одлуката за патникот во финалето ќе биде решена во Мадрид (Видео)

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа возбудлив натпревар во првото полуфинале во Лигата на шампионите на „Алијанц арената“ кој заврши без победник 2:2.

Интересно е што ова е деветти натпревар на Карло Анчелоти како тренер против Баерн Минхен и нема пораз. Италијанецот како тренер на Милан има четири победи и две ремија против германскиот тим, а водејќи го Реал Мадрид, двапати победи и еднаш одигра нерешено.

Баварците офанзивно тргнаа од првата минута, доминираа на „Алијанц арената“, но не успеаја да ги реализираат своите шанси во првиот дел. На спротивната страна, Реал Мадрид од првиот шут кон голот на Мануел Нојер, ја затресе мрежата. Тоа се случи во 24-тата минута кога Винисиус жуниор доби топка „на тацна“ од Тони Крос и без проблеми го совлада Нојер.

На стартот од второто полувреме, Баерн направи блиц-криг, за четири минути даде два гола.

Прво Лерој Сане во 53-тата минута по одличната соло акција го совлада Андриј Лунин, а четири минути подоцна, Хари Кејн од белата точка по прекршокот врз Џамал Мусијала, го реализира ударот од белата точка.

Но, Кралевите се спасија од пораз во 83-тата минута кога Винисиус жуниор од пенал го израмни резултатот. Трагичар на мечот и Кореанецот Ким кој го фаулираше Родриго во сопствениот шеснаесетник.

Реваншот кој ќе го даде патникот во финалето во ЛШ ќе се игра наредната среда на „Сантијаго Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести