Роналдо доаѓа на „Бернабеу“! Ќе гледа Ривер – Бока заедно со Меси

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, ќе се врати во Мадрид за првпат по неговата преселба од редовите на Реал во Торино. Португалецот ќе присуствува на реванш-средбата од финалето на Либертадорес купот помеѓу Ривер плате и Бока јуниорс, мечот кој ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ на деветти декември.

Како што најавуваат шпанските медиуми, на Роналдо ќе му се придружи и Лео Меси, па и двајцата ќе го проследат големото дерби од „ВИП“ собата на „Бернабеу“.

Роналдо во петок со неговиот Јувентус го пречекува Интер, во големото дерби од 15-тото коло во Серија А, додека Меси ден подоцна со Барса гостува во предградието кај Еспањол, градското дерби во рамките од 15-тото коло во Ла Лига.

И двајцата ќе бидат слободни за големото финале на Јужна Америка, кое неколку пати се презакажа, а подоцна и се премести надвор од Аргентина поради немирите во Буенос Аирес кои ги направија навивачите на Ривер. Мадрид и „Бернабеу“ се сметаат за идеално место да се одржи тој меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести