Кристијано Роналдо на тренинг му приреди шок на својот пријател и долгогодишен репрезентативен колега Пепе, со кого играа заедно и во Реал Мадрид. Пепе лабаво си седеше на тревата, а 36-годишниот Роналдо му пријде одзади на две години постариот Пепе и му истури ладна вода врз главата.
Пепе оваа шега ја прифати со насмевка, иако во прв момент веројатно беше изненаден и шокиран.
„Екстремна жештина? Капитенот е тука да помогне“, напишаа на инстаграм-профилот на португалската селекција.
https://www.youtube.com/watch?v=tP3ThLiImq4