Селекцијата на Полска испадна од ЕП уште по групната фаза, а полските медиуми објавија фотографии за кои велат дека се скандалозни, на кои се гледа како некои репрезентативци седат на плажа, и покрај нив има полицајци.
Играчите, а најмногу селекторот Пауло Соуса, се на удар на медиумите и фановите, а критиките се засилија откако се видоа овие фотографии направени од папараци. Објавено е дека по испаѓањето од ЕП, полските играчи се тешеле со алкохол на плажа.
Тимот се врати во родната земја, поточно во градот Сопот, каде имаат и подготовки. Но, некои од полските фудбалери решија ноќта да ја минат на плажа, и до раните утрински часови конзумирале алкохол и пеeле песни. Само што се разденило, им дошла и полиција, по што забавата завршила и заминале во хотел.