Ќе има продолженија на „Вембли“ – Австрија одигра јуначки против непобедливите Аѕури

Австрија одигра одличен меч против непобедливите Италијанци и има можност по продолженија, или на пенали и да се пласира во четвртфиналето.

По регуларниот дел мечот заврши без голови, па на „Вембли“ се очекуваат продолженија од двапати по 15 минути. Ако и во дополнителните половина час нема победник пеналите ќе одлучуваат за вториот четвртфиналист на ЕП.

Австријците изненадувачки доминираа во второто полувреме, постигнаа и гол, што беше поништен поради офсајд. Марко Арнаутовиќ во 65. минута го матира Донарума со удар со глава, но по проверка на спорниот момент со помош на ВАР системот беше досуден офсајд.

https://twitter.com/TrashTalkMVP/status/1408883643716542465?s=20

Италија остана без примен гол и на 12-от меч по ред, но не успеа во регуларниот дел да ја оправда улогата на фаворит против селекцијата што беше во нашата група во првата фаза.

Австрија и беше прв противник на Македонија на ЕП и победи со 3:1, а за првпат игра во нокаут фаза во третото учество на континенталните шампионати.

- Оглас -

Најнови вести