Женската репрезентација на Србија по вторпат е европски првак. Вечерва во финалето на ЕП во Валенсија, Србинките ја победија Франција со 63-54. За Србија ова е втора титула, откако првата ја освои во 2015 година, а за Франција ова беше петто финале по ред и неверојатно, но вистинито, ги загуби сите пет (две од Србија и три од Шпанија).
Американката со српски пасош, Ивон Андерсон, со 18 поени беше најефикасна кај нашите северни соседи, додека Јелена Брукс даде 15 поени, а Соња Васиќ имаше 12 поени, 8 скока и шест асистенции.