Бразил ремизира со Еквадор, и Еквадорците им ги испрати на Аргентинците

Бразил одигра само 1-1 против Еквадор, но го освои првото место во својата група и го чека четвртфиналниот противник на Копа Америка. Во четвртфиналето Бразилците може да се сретнат со Уругвај ако Уругвајците доцна вечерва загубат од Парагвај.

Милитао погоди за Кариоките, а Еквадор изедначи преку Анхел Мена. Еквадор е четврти во групата и речиси сигурно во четвртфиналето ќе игра против Аргентина, која не би смеела да киксира против Боливија, која нема ниту еден бод.

Перу ја совлада Венецуела со 1-0 и го освои второто место зад Бразил, па чека да види дали противник ќе му бидат Уругвај, Чиле или Парагвај. Венецуела е елиминирана.

- Оглас -

Најнови вести