Европа ќе добие нов владетел по елиминацијата на Португалија вчера во дербито против Белгија. Еден гол на Торган Азар го реши дуелот во Севилја, па ниту мултимилионските ѕвезди на Португалците не успеаја да ја направат разликата на теренот, а Рој Кин особено незадоволен беше од талентот на Атлетико Мадрид.
„Навистина се нервирам кога гледам вакви работи. Ти си играч од 100 милиони евра, влегуваш во игра бидејќи си ѝ потребен на твојата репрезентација. А, што правиш на теренот? Ништо, не можеш ниту голот да го погодиш. Барем да го тестираше противничкиот голман. Какви 100 милиони евра? Тој Жоао Феликс е обичен измамник. Да бев јас Роналдо, ќе му одржев лекција на тоа дете уште во соблекувалната“, истакна легендата на Манчестер јунајтед.
Со победата од 1-0 над сè уште европскиот првак Белгија закажа ново дерби, во четвртфиналето ќе се сретне против непоразената Италија на Роберто Манчини.