Томас Дилејни и Каспер Долберг ја казнија лошата поставеност на одбраната на Чешка и со нивните голови Данска води со 2:0 по првото полувреме во четвртфиналниот дуел на Европското првенство.
Јенс Стригер Ларсен одлично нафрли од корнер во петтата минута, а Дилејни беше сам и погоди со удар со глава за 1:0. Офанзивецот на Данците ги казни Чесите со нивното најсилно оружје, скок-играта.
Во финишот на првото полувреме Каспер Долберг казни уште една лоша поставеност на одбраната на Чесите и погоди за 2:0, со што ја доближи Данска до полуфиналето.
Победникот од овој дуел ќе игра со подобриуот од последното четвртфинале, што вечер од 21 часот ќе го играат Украина и Англија во Рим.
Вчера Шпанија по пенали ја победи Швајцарија и ќе игра со Италија во полуфиналето на ЕП. Аѕурите со 2:1 го добија дербито на четвртфиналната рунда против Белгија.