Седуммина играчи на европскиот шампион во битка за нова круна на Стариот Континент

Актуелниот европски клупски првак Челзи моментално има седуммина играчи кои се борат за титулата на Европското првенство. Во секоја од четирите репрезентации кои се во полуфиналето има барем по еден член на Сините. Тоа значи дека во редовите на гигантот од Лондон ќе има најмалку еден европски шампион и на репрезентативно ниво.

Челзи е најпретставен клуб на континенталниот собир со 16-мина играчи, а седуммината кои атакуваат на репрезентативен успех се: Мејсон Маунт, Рис Џејмс и Бел Чилвел од Англија, Жоржињо Фрело и Емерон Палмиери од Италија, Цезар Аспиликуета од Шпанија и Андреас Кристенсен од Данска.

Според полуфиналните парови на ЕП, Аспиликуета ќе се сретне со Жоржињо и Емерсон (Шпанија – Италија, 6 јуни), додека Кристенсен ќе игра против Маунт, Џејмс и Чилвел (Данска – Англија, 7 јуни).

Некој од овие играчи наскоро ќе може да се фали како актуелен клупски и репрезентативен европски шампион.

- Оглас -

Најнови вести