Koшаркарската репрезентација на Словенија избори историски прв пласман на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Токио откако актуелниот европски првак славеше со сигурни 96:85 против Литванија во финалето од квалификацискиот турнир во Каунас.
Првата ѕвезда Лука Дончиќ блескаше со троен учинок при 31 поен, 13 асистенции и 11 скока водејќи ја Словенија кон сосема заслужената победа против домаќинот на еден од турнирите, кој првпат по седум последователни настапи нема да се појави на ЛОИ.
https://twitter.com/FIBA/status/1411737648843034625
Литванците парираа само во првото полувреме при резултат од 45:45, но Словенија ја освои третата четвртина со двоцифрена разлика и најави дека во Каунас следува големо разочарување за домаќините.
Словенија обезбеди пласман во групата Ц, каде што ќе се сретне против моменталните светски шампиони и вицешампиони, Шпанија и Аргентина, заедно со домаќинот Јапонија.
https://twitter.com/FIBA/status/1411730173519491074
Претходно Грција славеше со убедливи 81:63 против Турција и обезбеди финале против Чешка за пласман во групата А против САД, Франција и Иран. Останува да се дополнат двете места во групата Б, каде што чекаат Австралија и Нигерија.