Грците се скараа по дебаклот од Чешка со 25 поени разлика, што ги елиминира од настапот на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Токио, а оставка си поднесе селекторот Рик Питино.
Познатиот Американец не успеа да ги одведе Грците до планираната цел, а како оправдување е што не можеше да смета на најголемата ѕвезда Јанис Адетокумбо.
Сепак, Грците и без него имаа одличен тим со многу познати европски кошаркарски ѕвезди, но ноќеска беа декласирани во финалето од Чешка со 97:72 и нема да играат на ЛОИ во Токио од 23 јули до 8 август.
„Завршувам со селекторската позиција во грчкиот национален тим. По ваков неуспех нема иднина за мене на кормилото на оваа земја. Беше напорно од подготовките со квалификацискиот турнир, а долго време размислував и претходно да си поднесам оставка. Имам обврски и со мојот тим“, изјави Питино.
Тој е тренер на колеџ тимот Ајона, откако претходно беше на кормилото на Панатинаикос. Во кариерата беше тренер и на два НБА-тима, Њујорк никс и Бостон селтикс.