Сонцата имаат моќни адути – Пол и Букер се најдобар тандем во последните 50 финалиња (Видео)

Феникс санс поведе со 2:0 во финалната серија во НБА-лигата против Милвоки бакс, а двата стартни бека на Сонцата, Крис Пол и Девин Букер, станаа најефикасниот тандем на стартни два меча во финалињата во последните 50 сезони.

Постигнаа заедно 113 поени и ги надминаа Стефон Кари и Клеј Томпсон од Голден стејт вориорс, дуо кое во финалето во 2018 година на првите два меча искомбинира вкупно 106 поени.

Ноќеска Букер уфрли 31 поен како прв стрелец на Феникс, а Пол имаше 23 поени. Феникс победи со 118:108 и поведе со 2:0 против Милвоки бакс.

На првиот меч улогите беа изменети и Пол беше најдобар стрелец со 32 поени, а Букер уфрли 27. Крис со 8 асистенции успеа да се пробие до десеттто место со најдобри додавачи во плејофот во НБА-лигата.

Има вкупно 1.041 асистенција, една повеќе од Коби Брајант, а ако продолжи во исто темпо, може да ги мине и Скоти Пипен, Стив Неш и Лери Бирд, кои се пред него.

- Оглас -

Најнови вести