Познатиот англиски хумор на дело: Асистентот на Саутгејт го објави својот избор за МВП на ЕП, проблем е што играчот не одигра ни секунда

Стив Холанд е асистент на Герет Саутгејт на патот на Англија кон првата европска круна на Гордиот Албион, а направи интересен избор и го прогласи Конор Коуди за играч на Европското првенство.

Проблем е што играчот на Вулверхемптон не одигра ниту секунда на шампионатот, но Холанд има објаснување за својот избор.

„Мој играч на турнирот засега е Конор Коуди. Уште не настапи за Англија, но на гтренинзите дава се од себе и секогаш е максимално посветен да ги исполни сите задачи. Во соблекувална пред натпреварите тој ги има клучните мотивациски говори и се однесува како капитен на репрезентацијата. Сите играчи го прифаќаат како лидер, иако не одигра ниту секунда на терен. Тоа е неверојатно тешко“, вели Холанд.

Утре од 21 часот на „Вембли“ во Лондон Англија ќе игра против Италија за првата европска круна. За Гордиот Албион ова е и прво финале на Европските првенства, а Аѕурите имаат четири, сметајќи го и утрешното и досега освоија само една титула, таа во 1968 година.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести