Што ќе прави Ериксен? Со неговиот проблем не смее да игра во Серија А

Кристијан Ериксен ќе мора да ги напушти Интер и Италија, ако сака да ја продолжи фудбалската кариера по претрпениот срцев удар на мечот меѓу Данска и Финска во првото коло на Европското првенство.

Капитенот на Данците за среќа преживеа, но има вграден електронски уред што му овозможува нормално да функционира и да спречи нов срцев удар во иднина.

Проблем и за него и за неговиот клуб Интер е што во Италија не им е дозволено на спортистите да имаат вграден дефибрилатор, па Ериксен ако сака да продолжи со фудбал ќе мора да ја смени средината и земјата во која настапува.

Во останатите земји во Европа не постои таква забрана и Данецот би можел без пречки да игра фудбал.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести