Жоржињо и Емерсон влегоа во елитното друштво на двојни европски шампиони

Со победата по пенал-рулетот, Италија ја освои втората европска титула во својата историја, а двајца репрезентативци на Аѕурите станаа двојни европски шампиони.

Дуото од Челзи, Жоржињо Фрело и Емерсон Палмиери, се приклучија во елитното друштво од само 11-мина играчи кои во иста година ги освоиле титулите од натпреварувањата на УЕФА. На 29 мај со Челзи се искачија на клупскиот европски престол, а од вчера Бразилците со италијански пасоши се фудбалски владетели и на национално ниво.

Пред нив, титули во ЛШ и ЕП во иста година освојувале, Луис Суарес во 1964 година (Интер и Шпанија), Ханс Ван Брукелен, Роналд Куман, Бери ван Ерле и Гералд Ваненбург во 1988 година (ПСВ Ајндховен и Холандија), Фернандо Торес и Хуан Мата во 2012 година (Челзи и Шпанија), Кристијано Роналдо и Пепе во 2016 година (Реал Мадрид и Португалија).

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести