Флорентино Перес распука по легендите: Раул и Касилјас се најголемото ѓубре на Реал Мадрид

Флорентино Перес сензационално распука со негативен коментар за двете големи ѕвезди на Реал Мадрид, Раул Гонзалес и Икер Касилјас, нарекувајќи ги „најголемото ѓубре“ на Реал Мадрид.

Актуелниот претседател на Кралскиот клуб во интервју за „Ел Конфиденсијал“ особено грубо се нафрли врз Раул и го обвини дека тој е главната причина за неговото заминување во 2006 година.

„Тој ја растури атмосферата во Реал Мадрид, а и Касилјас не е ништо подобар. Тие се најголемото ѓубре во историјата на клубот“, остар беше Перес.

Раул Гонзалес е играчот со најмногу настапи во историјата на 13-кратниот европски првак со одиграни 741 натпревар за Кралскиот клуб. Веднаш зад него е Касилјас, кој го бранеше голот на Реал Мадрид на 725 меча, а и двајцата се меѓу најважните фудбалери во богатата историја на гигантот.

Раул е и втор најдобар стрелец во клупската историја со вкупно 323 погодоци, само зад Кристијано Роналдо со 450 гола за Реал Мадрид.

Интереесно е што и во моментов Гонзалес е во клубот со кој раководи Перес како тренер на тимот на Реал Мадрид за играчи до 19 години.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести