Борац Бања Лука и Клуж го одиграа најнеизвесниот двомеч во првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони, а на крајот романскиот тим се радуваше. Во првиот меч во Романија, домаќините победија со 3:1, а на реваншот Борац Бања Лука победи со 2:0 по 90 минути игра.
Во една ваква ситуација, цели 56 години правилото на УЕФА велеше дека тимот кој дал гол на гости е подобар и треба да оди во следниот круг. Во оваа ситуација тоа требаше да биде шампионот на Босна и Херцеговина затоа што погоди на гости, а дома се радуваше без примен гол.
Сепак, УЕФА реши правилото за даден гол на гости да не важи од 1 јули 2021 година, а тоа значеше дека по 180 минути игра, Борац Бања Лука и Клуж одиграа 3:3 и мораа да се играат продолженија. Во дополнителните 30 минути, романскиот тим даде гол во 118-тата минута и со тој погодок стигна до вкупно 4:3 во овој двомеч кој траеше 210 минути.