Нереалната блокада на Јанис и нескротливиот Мидлтон ги згаснаа Сонцата за израмнување на 2-2 (видео)

Милвоки израмни на 2-2 во финалната серија против Феникс откако Елените го добија и вториот меч на домашен терен со 109:103. Клучната блокада на Јанис Адетокумбо над Деандре Ејтон во последната минута беше моментот по кој на домаќините им се отвори патот до посакуваната победа за изедначување.

Во далеку понеизвесен меч во однос на претходните три, резултатот често се менуваше во корист на двете екипи, а во последните неколку минути Милвоки направи серија од 10-4. Блокадата на Јанис беше знак дека Бакси може да слават, додека запалениот Мидлтон со своите рекордни 40 поени во еден плејоф-меч го поништи трудот на осамениот Букер, кој застана на 42 поени.

Серијата се враќа во Феникс за петтата средба, а како што тргнаа работите, сè поголеми се шансите за новиот шампион на НБА да се одлучува во мајсторка.

 

- Оглас -

Најнови вести