Ова ќе биде историски микс – Мундијал во две земји од различни континенти се крчка за 2030 година

Актуелниот европски првак Италија објави дека ќе конкурираат за организација на две големи натпреварувања, за ЕП во 2028 година и за Мундијалот во 2030 година.

Поверојатно е дека Аѕурите ќе сакаат да бидат домаќини на Светското првенство за девет години, односно во 2030 година, а имаат и интересна понуда, партнер во организацијата на Мундијалот да им биде Саудиска Арабија.

Тоа би бил историски микс на две земји од различни континенти кои заедно би биле организатори на Светско првенство во фудбал.

Досега заеднички Мундијал организирале само Јужна Кореја и Јапонија во 2002 година, а три земји, САД, Канада и Мексико, ќе бидат заеднички домаќини на фудбалската елита на Светското првенство во 2026 година.

Ако им биде успешна кандидатурата за организација на СП во 2030 година, Италија по третпат по 1934 и 1990 година би била домаќин на најдобрите светски репрезентации. Саудиска Арабија ако биде партнер во проектот што би победил заедно со Италијанците, за првпат би била домаќин на Светско првенство.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести