Шпанските медиуми деновиве ги засилија шпекулациите околу можната размена меѓу Антоан Гриезман и Саул Нигез на Барселона и Атлетико Мадрид, но Каталонците во последен момент се предомислија.
Наместо Саул, Барса го посакува младиот Жоао Феликс, Златното момче на Европа од 2019 година. Оваа промена на планот му одговара и на актуелниот шпански првак, бидејќи на тој начин не ќе мора да доплаќа за Гриезман, како што е барањето на гигантот од „Камп ноу“.
Гриезман и Феликс имаат слични примања, па директната размена не би влијаела многу врз буџетите на шпанските гиганти. Останува прашањето дали Симеоне ќе се согласи да го пушти фудбалерот во кого Атлетико гледа како лидер на екипата во наредните години.