Олимписката фудбалска селекција на Австралија приреди изненадување на стартот од турнирот во Токио со победа од 2:0 против Аргентина.
Иако Гаучосите беа фаворити, победија Австралијците со головите на Лахлан Велс во првото полувреме и на Марко Тилио во финишот на мечот.
Argentina 0 – [1] Australia | Lachlan Wales [Tokyo Olympics] from soccer
Велс, кој беше суспендиран и избркан од тимот во 2019 година по обвинувањето дека малтретирал жена со која имал интимни односи, сега беше еден од јунаците на победата.
Тилио е меѓу најмладите во составот на Австралија, а со голот во 80-тата минута ја запечати големата олимписка победа против Аргентина.
Гаучосите беа рангирани меѓу топ-фаворитите за олимписко злато, но потфрлија веднаш на стартот од турнирот.