Не е за верување: Фудбалска Шпанија чека 21 година да се израдува на првата победа!

Шпанија на Олимписките игри во Токио замина со репрезентација која вреди повеќе од половина милијарда евра, но во првото коло разочара и одигра без голови против Египет. Црвената фурија сега мора да го поправи првичниот впечаток и тоа на меч против Австралија.

Кенгурите одлично го отворија турнирот со победа од 2:0 против Аргентина и доколку незагубат од Шпанија, ќе бидат сигурни патници во нокаут фазата. Тоа што е помалку неверојатно е дека Шпанија на Олимписките игри нема победа речиси 21 година.

Последен пат олимписката фудбалска репрезентација на Шпанија се радувала на Игрите во Сиднеј во 2000 година против САД. Потоа следи нивна елиминација од Камерун на пенали. Во 2004 и 2008 година Шпанија не беше дел од ЛОИ, а на турнирот во 2012 година заврши со два порази и едно реми.

Вкупно осум меча се играат денеска:

Египет – Аргентина (9:30 ч.)

Франција – Јужна Африка (10 ч.)

Нов Зеланд – Хондурас (10 ч.)

Бразил – Брегот на Слоновата коска (10 ч.)

Австралија – Шпанија (12:30 ч.)

Јапонија – Мексико (13 ч.)

Романија – Јужна Кореја (13 ч.)

Саудиска Арабија – Германија (13:30 ч.)

 

- Оглас -

Најнови вести