Готово е, Џани си подаде рака со Саудијците, веќе го сметаат за нивен играч

Веќе нема дилеми дека Езџан Алиоски својата клупска кариера ќе ја продолжи во саудискиот тим Ал Ахли од Џеда. Тренер на Ал Ахли е Косовецот Бесник Хаси, а летово клубот се засили со Бразилецот Паулињо.

Алиоски ја прифати финансиската понуда на Саудијците, па Премиерлигата и Лидс ги замени за Ал Ахли. Интерес за Алиоски имаше и од турски клубови, но тие комбинации пропаднаа. Сега се чека само потпис и официјализација на трансферот. Алиоски кој има 29 години, во Ал Ахли ќе заработи 5 милиони евра за две години, а солиден дел од тие пари ќе доби и неговиот менаџер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести