Бразил игра против најсилниот напад, а Шпанија ќе треба да ја сруши најдобрата одбрана

Бразил ќе игра против Мексико, а Шпанија ја има фаворитската улога во дуелот против Јапонија, во двата полуфинални мечеви коишто се играат на олимпискиот турнир.

Кариоките го бранат златото освоено од 2016 година на домашен терен, а за противник го имаат најефикасниот тим на турнирот, Мексико. Во четвртфиналето, Мексиканците немаа милост против Јужна Кореја и ги победија со неверојатни 6:3. Претходно и во групната фаза, Мексико покажа сила и со 4:1 славеше над Франција, а со 3:0 ја победи Јужна Африка. Сепак, дека се ранливи, се потврди на мечот против Јапонија, кога загубија со 1:2.

Бразил и Мексико на ЛОИ играа во 2012 година во Лондон, и тоа во финалето, а на крајот Мексико направи големо изненадување и славеше со 2:1.

Во второто полуфинале, Шпанија е фаворит против Јапонија. Црвената фурија го има убедливо најсилниот тим според имињата. Во составот имаат неколку фудбалери коишто беа дел и од Европското првенство и тоа е нивниот адут дека може да стигнат до финалето.

Јапонците ја имаат најдобрата одбрана на турнирот. Во четири меча, Јапонија нареди само победи, и тоа 1:0 против Јужна Африка, 4:0 против Франција, 2:1 против Мексико и на пенали против Нов Зеланд откако немаше голови по 120 минути игра. Тоа значи дека Јапонците во 390 минути игра примија само еден гол на турнирот.

 

- Оглас -

Најнови вести