Кенгурите без пораз „скокнаа“ до полуфинале против САД

Австралија си закажа полуфинале со Американците на машкиот кошаркарски турнир во Токио. Австралијците играат одлична кошарка на олимпискиот турнир, без пораз дојдоа до ова полуфинале, но сега го имаат најголемиот предизвик, треба да го победат главниот фаворит за да си обезбедат прв медал. И пред пет години во Рио, Австралија играше полуфинале, но заврши на четвртото место.

Попладнево Австралија во последното четвртфинале ја прегази Аргентина со 97:59, а Кенгурите беа особено убедливи во последната четвртина, која ја добија со 37:11. Бекот Пети Милс беше најзаслужен за триумфот со 18 поени и 4 асистенции, а Лендејл имаше 12 поени, 7 скока и пет асистенции.

- Оглас -

Најнови вести