Белгискиот атлетичар Томас ван дер Платсен, кој се натпреваруваше во десеттобојот, имаше неславен скок во далечина на Олимпискиот стадион во Токио. Ван дер Платсен не успеа најдобро да скокне, делуваше како да се сопна од нешто.
Атлетичарот ја загуби рамнотежата и незгодно падна, директно удирајќи со главата во песокот. По падот, Ван дер Платсен остана да лежи во песокот, а подоцна со количка беше изнесен од стадионот и го заврши настапот во десеттобојот.
Feel for Belgium’s Thomas van der Plaetsen as he suffers an injury on the run up in the decathlon long jump#athletics #tokyo2020 pic.twitter.com/4ut934mzlr
— Matt W-S 🔑🟤 (@Yakcall) August 4, 2021