Грузиец ѝ донесе бронзен медал на Србија во борење

Грузискиот борец Зураб Датунашвили го освои бронзениот медал за Србија во борење во грчко-римски стил до 87 килограми, откако го совлада Хрватот Иван Хуклек во мечот за третото место.

Иако Датунашвили ја претставуваше родната Грузија на ОИ во Лондон во 2012 и во Рио во 2016 година, по расправија со Грузиската боречка федерација, тој ја напуштил земјата и се одлучил да ја претставува Србија. Нашиот северен сосед профитираше од таа кавга и доби шести медал на Игрите во Токио.

Инаку, со златен медал во оваа дисциплина се закити Украинецот Жан Беленјук, кој во финалето беше подобар од унгарскиот борец Виктор Лоринч.

- Оглас -

Најнови вести