Златните Кариоки повторно се најдобри во олимпискиот фудбал (видео)

Фудбалската селекција на Бразил се закити со златниот медал на олимпискиот фудбалски турнир во Токио, откако во финалето славеше со 2-1 против Шпанија. Кариоките го одбранија највисокото одличје освоено во Рио пред пет години, благодарение на голот на Малком во дополнителните 30 минути.

Победникот се одлучуваше по 120 минути игра откако во регуларниот дел резулатот гласеше 1-1.

Бранителите на медалот ја отворија средбата пред самата пауза преку Куња, кој одлично се снајде во противничкиот шестнаесетник и силно ја заби топката во шпанската мрежа. Неколку минути претходно Ришарлисон промаши пенал.

По нешто повеќе од еден час игра, школската акција на Фуријата резултираше со мајсторска завршница на Ојарзабал, но кога почнаа продолженијата, Малком истрча контранапад и ги постави конечните 2-1 во 108-та минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести