Кипчоге го одбрани маратонското злато од Рио

Кениецот Елиуд Кипчоге го освои вториот последователен златен олимписки медал во машкиот маратон, поточно го одбрани највисокото одличје освоено во Рио пред пет години.

Еден од најдобрите маратонци во историјата истрча време од 2:08.38 часа на патеката од 42 километри и 195 метри. Со сребрен медал се закити Холанѓанецот Абди Нагеје со време од 2:09.58, бронзата му припадна на Башир Абди од Белгија.

Еден од фаворитите за медал, олимпискиот шампион од Лондон 2012 година, Стивен Кипротич од Уганда, предвреме ја заврши трката, односно застана по само 10 истрчани километри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести