Уште една потврда колку е Барселона во хаос – Погледнете како беше облечен Дест на пресот на Меси (Фото)

Барселона го загуби компасот, клубот е во вистински хаос по големите финансиски проблеми што резултираа со заминување на клупската икона Лионел Меси, а токму на неговата проштална прес-конференција се случи уште еден момент што покажува колкава е кризата во клубот.

Младиот Американец Сержињо Дест присуствуваше со соиграчите на прес-конференцијата на Меси, а беше облечен несоодветно за таа прилика и за гигант каков што е Барселона.

Младиот бек, кој има 20 години не го испочитува кодот што важи во далеку помали клубови од Барселона и беше облечен во кошаркарски шорц и маица.

Реакциите се големи на социјалните мрежи, има многу критики за Дест, но и за раководството на Барселона што му дозволи да присуствува на чинот на простување на Меси од клубот во таква облека.

„Не треба ништи да се говори во колкава криза сме. Погледнете како е облечен Дест и се ќе ви биде јасно. Потонавме“, коментираат навивачите на Барселона.

Меси се прости од Барса на многу емотивен начин, откако мораше да го напушти клубот во кој пристигна како 13-годишно момче во 2000 година.

 

- Оглас -

Најнови вести