Рајан Брустер, талентираниот англиски напаѓач, по 1.359 минути и 32 меча во дресот на Шефилд, конечно го постигна дебитантскиот гол за англискиот второлигаш.
Рекордното засилување на Сечилата кои ги чинеше 26 милиони евра при трансферот од Ливерпул, по околу 10 месеци конечно успеа да затресе противничка мрежа, а со својот прв гол му донесе победа на Шефилд во раната фаза од Лига купот на Англија. Во ланската сезона запиша 30 настапи за Шефилд, од кои 27 беа во Премиер лигата во кои Брустер не успеа да го скрши мразот, но веќе во вториот меч од оваа сезона младиот Англичанец конечно си отвори ја отвори голгетерската смета.
Во мечот против Карлсли, Брустер ја искористи одбиената топка и ги постави конечните 1-0 уште во 24-тата минута од натпреварот.