Мастерсот во Синсинати доживува дебакл, има помалку пари и го нема трио фантастико

Турнирот од Мастерс серијата во Синсинати што ќе се игра од следната седмица и е последен тест за формата на тенисерите пред гренслемот во Њујорк доживува вистински дебакл и по подолг период ќе се игра без трите големи ѕвезди.

По Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер учеството на турнирот што ќе се игра од 14. до 22. август денеска го откажа и Рафаел Надал.

Тоа значи дека по повеќе од една деценија ниту еден тенисер од големото трио што доминира на светската сцена нема да настапи во Охајо.

Организаторите одлучија и да го намалат наградниот фонд за речиси 30 посто во однос на ланскиот турнир што се играше во Њујорк поради Ковид-19, а вкупниот награден фонд во машка конкуренција е нешто над 3 милиони долари.

Ќе играат и дамите, а и тука наградниот фонд е намален, но за помалку, отколку во машка конкуренција, односно за 18,5 посто и ќе изнесува 1.83 милиони долари.

 

- Оглас -

Најнови вести