ЦСКА почна да губи од аутсајдерите во Евролигата

ЦСКА Москва неочекувано повторно потклекна на гостински терен и повторно кај еден од аутсајдерите во Евролигата. Во Виторија, Басконија во фото-финиш беше поуспешна од кандидатот за титулата и славеше со 76:73.

Поените на Венсан Поирер на една минута до крајот го одлучија победникот, а кошаркарите на ЦСКА потоа ги промашија двата обиди за спас и загубија. За нив ова е втор неочекуван пораз на гости по ред, по неуспехот против Будуќност.

Сосема спротивно лидерот Фенербахче имаше неочекубвано лесна задача во Атина и го декласира Панатинаикос со 81:69 со што се зацврсти на првото место со 10 победи и само еден пораз.

- Оглас -

Најнови вести