Норвешка ја забележа првата победа во втората фаза по групи, и тоа убедлива со 13 голови разлика против Унгарија.
Фуриозното темпо на ракометарките што ги имаат сите вредни титули од големите натпреварувања не можеа да го следат Унгарките, па победата беше обезбедена уште по пвото полувреме.
Норвешка по 30 минути игра имаше предност од 19:12, а во продолжението доминацијата продолжи за конечна победа од 38:25.
Хајди Локе со 7 голови беше најефикасна кај Норвежанките, а Херем и Офтедал постигнаа по шест. Кај Унгарките единствена расположена ракометарка беше Тот со шест погодоци.
Сега и двете селекции имаат по два бода по три натпревари и имаат минимални шанси за полуфинале.