Штета, кадетите го загубија финалето од Полска

Јуниорската репрезентација на Македонија за ракометари до 19 години, го загуби финалето на ЕХФ шампионатот во Скопје против Полска со 33-35, и не успеа да се пласира во елитниот ранг.

Во групната фаза во четвртокот, тимот на селекторот Кирил Лазаров ја победи Полска со 30-25, но нашите таленти не успеаја да го повторат успехот.

Митев со 7 гола беше најефикасен, а го следеа Петковски, Атанасијевиќ и Илиески со по 5 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести