Меси се појави на роденденска забава со половина тим на ПСЖ, но фановите се загрижени

Додека Барселона играше со Реал Сосиедад на стартот на шпанската лига, Лионел Меси уживаше во Париз во роденденска забава на неговиот нов соиграч Андер Ерера. Шпанецот наполни 32 години и на забавата присуствуваа голем дел од ѕвездите на ПСЖ, меѓу нив и сите засилувања, освен Џиџи Донарума.

Од една страна, фановите на Светците се среќни што Меси почна да се дружи со своите нови соиграчи и атмосферата во тимот е добра, но има и загриженост, што на сликата од роденденот го нема Килијан Мбапе. Има шпекулации дека тој не е среќен што Меси дошол во ПСЖ и наводно сака да си замине од клубот со кој има договор до следното лето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести