Динамо Загреб веќе подолг период е број 1 клуб во Регионот, односно на територијата на поранешна Југославија. Вечерва ќе игра во финалниот двомеч со Шериф Тираспол за место во Лигата на шампионите, а веќе сериозно размислува дополнително да се засили.
Популарните Модри се во преговори со два стопери од силните лиги во Европа, а кандидати за нови членови на Динамо се Данило Дуки од холандски Витесе и Франсиско Фереира, попознат како Феро, кој е член на Бенфика.
Дуки има само 23 години, а од оваа сезона е и капитен на Витесе. Има играно за младата холандка репрезентација во сите возрасти и го сметаат за еден од најдобрите и најперспективни стопери во Холандија.
Феро е член на Бенфика од 2011 година, кога пристигна во редовите на двојниот европски првак како 14-годишно момче. Во јануари годинава пристигна во Валенсија како позајмен играч, а сега Динамо сака да го купи и е во завршни преговори со Бенфика за негов ангажман.