Чурлинов се пресели во Шалке 04, ќе игра една сезона за седумкратниот германски првак (Фото)

Дарко Чурлинов е нов член на 7-кратниот германски првак Шалке 04 и ќе се обиде да му помогне на гигантот да се врати во Бундеслигата.

Нашиот репрезентативец се пресели во Гелзенкирхен како позајмен фудбалер од Штутгарт до 30 јуни 2022 година. Потоа Шалке 04 ќе има право да го откупи договорот што Чурлинов го има со Штутгарт.

„Среќен сум што ќе играм за Шалке 04. Брзо се договорив со Штутгарт и се радувам што ќе имам можност да играм за германскиот гигант. Имаме цел да се врати клубот во Бундеслигата и ќе се обидам да дадам максимум за да се реализира целта“, изјави Чурлинов.

Чурлинов ќе го носи дресот со број 7 во Шалке 04, а се очекува да дебитира веќе во сабота, на гостувањето кај Јан Регенсбург.

Шалке 04 има по една победа, реми и пораз во првите три кола во популарната Цвајта, а му гостува на лидерот Јан Регенсбург во дербито на четвртото коло.

 

- Оглас -

Најнови вести