Луда завршница во Штип, Лавовите со петарда во мрежата на гостите од Автокоманда

Брегалница и Шкендија во Штип го одиграа најинтересниот меч во Првата македонска фудбалска лига сезонава, а од конечните 3-3 треба да бидат задоволни и двата тима. Актуелниот првак и по три кола не знае за победа, а штипјани како да се специјализираа за нерешени мечеви и во сите три дуели освоија по еден бод.

Сините водеа по првото полувреме со дебитантскиот погодок на засилувањето Алтипармаковски, но тетовци се намачија додека да дојдат до пресврт и со голот на Дориев од пенал во 89-тата минута поведоа со 3-2. Но, во судиското продолжение, со прекрасниот гол на Дујовски, домашните кои можеби испуштија победа, на крајот сепак избегнаа пораз.

Најрасположени беа фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров, кои со пет гола ја наполнија мрежата на Скопје.

РЕЗУЛТАТИ, 3. КОЛО: Брегалница – Шкендија 3-3, Македонија Ѓорче Петров – Скопје 5-1, Пелистер – Шкупи 0-2, Работнички – Струга Трим Лум 0-0, Ренова – Борец 2-0, Тиквеш – Академија Пандев 0-2.

Академија Пандев, Ренова и Шкупи се на врвот со по 7 бода, а Пелистер е единствен без бод по првите три кола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести