На ПСЖ му текна дека има финансиски ферплеј, стави петмина играчи на трансфер-листа

Пабло Сарабија изненадувачки се најде на трансфер-листата на Пари Сен Жермен што ја објави „Паризиен“, а има уште четворица фудбалери што ќе мора да бараат нови клубови.

Шпанскиот репрезентативец лани одигра 27 меча за ПСЖ и постигна шест гола, комбинирани со 4 асистенции, па неговото име на трансфер-листата е неочекуван потег.

Покрај него, нов клуб ќе мора да побараат и Јулијан Дракслер, Рафиња, Курзава и Керер, а веќе си замина Мичел Бакер во Баер Леверкузен за сума од 7 милиони евра.

ПСЖ плати 60 милиони евра за да го ангажира Ашраф Хакими во летниот преоден рок и 16 милиони евра за Данило Переира, но без обештетување донесе уште неколку големи ѕвезди, кои ќе имаат огромни плати.

Секако, број 1 е Лионел Меси со годишна плата од 35 милиони евра, а буџетот ќе го оптоварат до максимум и Серхио Рамос, голманот Донарума и Вајналдум, па ПСЖ мора и да продаде неколку играчи за да го почитува финансискиот ферплеј што го предвидуваат ФИФА и УЕФА.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести