Две камерунски легенди станаа соиграчи во клуб од Џибути

Легендарниот камерунски голман Карлос Камени потпиша договор со клубот АС Арта/Солар 7, кој се натпреварува во првата дивизија на првенството во малата африканска држава Џибути. Таму клупски колега му е сонародникот Алекс Сонг, кој во минатото беше член и на Барселона.

Камени, кој има 37 години, во својата успешна кариера има брането за Ле Авр, Сент Етјен, Еспањол, Малага и Фенербахче. Со Еспањол во 2006 година го освои Купот на Шпанија, а со националниот тим на Камерун во 2000 година освои златен олимписки медал и двапати беше првак на Африка (во 2002 и 2017).

Сонг има „само“ 33 години, но ја напушти Европа и од ноември минатата сезона игра за клубот од Џибути.

- Оглас -

Најнови вести