Интересни мечеви се одиграа попладнево во Првата македонска фудбалска лига.
Во Велес, Брегалница во 94-та минута се спаси од пораз, а штипјани истото го направија и во минатото коло против Шкендија, па сега Сините имаат четири ремија во четири кола.
Скопје со гол на Јашароски ја извојува првата победа сезонава, и го остави Пелистер закован на дното без ниту еден бод, а прв триумф сезонава извојува и првакот Шкендија. Тетовци водеа со 1-0 против ѓорчепетровци до 89-та минута, па затоа конечните 4-0 се и превисоки.
Браќата Марио и Лука Станковски му донесоа победа на Работнички над Тиквеш.
Струга е привремен лидер на табелата со 8 бода, откако го совлада Шкупи. Јунак на мечот е Немања Босанчиќ кој во првото полувреме постигна три гола. Хет-трикот на Босанчиќ беше во периодот од 6 до 45 минута. На овој меч, од шесте гола, дури четири беа од пенал.
РЕЗУЛТАТИ, 4 КОЛО: Борец – Брегалница 1-1, Скопје – Пелистер 1-0, Работнички – Тиквеш 2-1, Шкендија – Македонија Ѓорче Петров 4-0, Струга Трим Љум – Шкупи 4-2. Вечерва се игра дуелот Академија Пандев – Ренова.