Како бебе родителите ја врзале со бомба, но таа преживеала и сега е спортска ѕвезда

Хавен Шеферд е 18-годишна пливачка која е дел од параолимпискиот тим на САД. Животната приказна на Шепард е неверојатна затоа што преживеала тешка траума кога имала само една година. Кога Хавен имала само 14 месеци, нејзиниот татко и мајка решиле на себе да стават бомби, а покрај нив било и малото девојче. Родителите на Хавен се одлучиле на ваков екстремен потег затоа што не смееле да се венчаат и мислеле дека е најдобро сите тројца да се убијат.

Бомбата експлодирала, но, за среќа, Шеферд успеала да преживее, но двете нозе и биле тешко повредени. Лекарите морале да ги ампутираат долните делови на двете нозе на бебето, кое многу брзо по несреќата си заминало од родниот Виетнам. Нејзини нови родители станале Шели и Роб, Американци кои решиле да ѝ дадат нов повод за среќа на малото девојче.

Новата мајка Шели вели дека уште кога го виделе малото девојче, почувствувале нешто посебно и затоа сакале да ја посвојат. Во семејството Шеферд спортот е традиција, па и малата Хавен тргнала по тој пат.

„Секогаш мора да гледате позитивно. Знам дека ми се случиле лоши работи, но добив нова шанса. Во животот многу ми помогна фактот дека сум единствена. Не можете да вилјаете на работи кои не може да ги промените. Моја цел е да покажам дека и луѓето со инвалидитет се спортисти како и сите останати, само имаат некој физички недостаток“, порача Хавен.

Младата 18-годишна девојка успешно ги помина квалификациите на параолимписките игри на трките на 100 и 200 метри градно. Таа ги брани боите на САД.

- Оглас -

Најнови вести