Голем срам за романскиот првак – Црвена ѕвезда ги декласира, па се истепаа меѓу себе (Видео)

Срамен инцидент му се случи на романскиот првак Клуж по елиминацијата од Црвена ѕвезда во финалниот сегмент од квалификациите за настап во Лигата на Европа.

Поранешниот европски првак ги декласира со вкупен резултат од 6:1, а по поразот од 1:2, вчера на домашен терен имаше тепачка во соблекувалната на Клуж.

Според информациите во романските медиуми, во тепачката учествувале адвокатот на клубот Јоан Иваску и физиотерапевтите Виорел Бонкои и Раду Пралеа.

На видеоматеријалот не се забележува кој со кого се тепа, а има информација дека меѓу себе се степале еден играч на Клуж и член на стручниот штаб на клубот.

По срамниот инцидент, главниот финансиер на Клуж, Нелуцу Варга, ги избрка од клубот тренерот Мариуш Шумудица, претседателот Маријан Копилу и Јонут Иваску, кој беше правен застапник на романскиот првак.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести