Украинецот Игор Цветов, кој освои сребрен медал на трката на 100 метри на Параолимписките игри во Токио, направи контроверзен потег со кој ги возбуди украинската и руската спортска јавност. Тој одби на победничкиот подиум да се фотографира заедно со освојувачите на златниот и бронзениот медал затоа што се Руси.
Русија и Украина се во еден вид војна, политичките односи им се лоши, па и не чуди овој потег, особено откако Јарослава Магучик беше критикувана во нејзината Украина затоа што се сликала прегрната со руската колешка во скок во височина Марија Ласицкиене.
Иако двајцата Руси го повикаа Украинецот да се слика со нив, тој одби.