Барселона подготви 200 милиони фунти, но не за Нејмар

До почетокот на зимскиот преоден рок има уште помалку од еден месец, а веќе започнаа шпекулациите за тоа која може да биде „трансфер бомбата“ на почетокот на 2019 година. Според најавите кои доаѓаат од Англија, Барселона е подготвена да плати 200 милиони фунти за едно големо засилување.

Иако цело време се форсира најавата за враќање на Нејмар на „Камп Ноу“, таблоидот „Дејли Стар“ како „ексклузивно“ ја носи веста дека Хари Кејн може да си замине од Тотенхем, за да го облече дресот на Барселона. Кејн игра одлично и е главен носител на играта на лондонскиот тим, а во Барселона би требало да го замени Луис Суарез. Уругвајскиот голгетер има 32 години и веќе се најавува негово заминување од „Камп Ноу“, за да се отвори простор за некој помлад, кој ќе може во следните години да биде и носител на играта.

Тотенхем во изминативе неколку години се научи да останува без големите ѕвезди, кои кариерата ја продолжуваат во Шпанија. Таков беше примерот со Лука Модриќ и Герет Бејл, но двајцата решија да го облечат дресот на Реал Мадрид. Останува да се види дали Тотенхем ќе остане и без Кејн, но овојпат по вина на Барселона.

Интересно е што оваа вест е пласирана непосредно пред меѓусебниот дуел на Барселона и Тотенхем на „Камп Ноу“ во меч од Лигата на шампиони.

 

- Оглас -

Најнови вести